По примерот на Тејлор Свифт, Деми Ловата „удри“ по Трамп: Во новата песна го критикува претседателот на САД
Америка е огорчена од владеењето на претседателот Доналд Трамп и тоа не е никаква нова вест, но младите ѕвезди влегуваат со сериозна кампања против него, а многумина и лично го поддржуваат Џо Бајден (другиот кандидат на изборите во ноември). Сето ова предизвикува пријатни и непријатни реакции, бидејќи политика секогаш е незгодна тема, но Деми Ловато тргна по стапките на Тејлор Свифт, која е активна во кампањата против Трамп.
Деми својата кампања против Трамп ја официјализира со персната „Commander In Chief“ во која директно го напаѓа, со зборовите дека „кога би го направила она што тој го прави секој ден, дека не би можела со ноќи да спие“. Пејачката се насочи и на пандемијата и како луѓето ширум светот во овој момент умираат, додека тој не попушта.
Деми вели дека не е и гајле дали оваа песна ќе ѝ ја уништи кариерата.