По првата проба се искачи неколку места погоре во обложувалниците: Тамара со влез во финале!
Откако вчера ја имаше првата проба, македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, се искачи неколку места погоре во евровизиските обложувалците .
Според табелата 69% е сигурно дека таа ќе се најде во финалето и ќе ги брани боите на Македонија и на 16 мај.
На финалната листа, Тамара го зазеде 14 – тото место. Овој растечки тренд се надеваме дека ќе се задржи и по втората проба, а какви ќе бидат резултатите тогаш, ќе почекаме уште неколку дена.