По разделбата со Бресквица, Војаж повторно ги растажи сите: Се повлекувам...
Пејачот одлучи да оди во потполна илегала на некое време, но не откри до кога...
Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж пред повеќе од два месеци ги растажи обожавателите поради разделбата со Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, а сега порача дека ќе се повлече од интернет сцената.
Тој на Инстаграм стори сподели дека некое време нема да биде активен, но веќе најави и големо враќање кога ќе дојде време за тоа.
„Се повлекувам од интернетот и сите социјални мрежи. Ќе ги срушам кога ќе се вратам“ - напиша пејачот и додаде црно срце. Тој не објасни зошто донесе ваква ригорозна одлука, која најтешко ја поднесе неговата публика. Само што ги израдува следбениците со заедничка фотографија со својата мајка, која ја сподели неодамна, сега не остави да чекаме дали ова е еден маркетинг потег или навистина станува збор за повлекување.
И додека неговата поранешна девојка им се заблагодарува на обожавателите што ја поддржуваат и ја ценат нејзината работа, Војаж одреден период ќе биде во илегала, а што се крие зад тоа, ќе видиме кога ќе открие.