По стапките на Грета Тунберг: Самостојна битка на тинејџерка од Кина против климатските промени

По стапките на Грета Тунберг: Самостојна битка на тинејџерка од Кина против климатските промени

Објавена во: Совети // School zone

Инспирацијата ја добила од Грета Тунберг, тинејџерката од Шветска, која одржа самостоен протест во мај минатата година пред зградата на локалната самоуправа и на тој начин го доби вниманието на јавноста...

Младите активисти за животната средина ширум светот, ги прескокнуваат училишните активности за да присуствуваат на маршевите и протестите низ целиот свет порзани со климатските промени. Но, во Кина, владата го задушува секој вид на социјално движење, вклучувајќи го и овој и поради тоа недостасуваат учесници. Движењето го промени животот на Хауи Оу. Инспирацијата ја доби од Грета Тунберг, која одржа самостоен протест во мај минатата година пред зградата на локалната самоуправа, со што се здоби со светско признание. „Климатскиот проблем е најголема закана за опстанокот на човечкиот вид. Секој ден се чувствувам вознемирено поради климата и истребувањето на животинските видови. Се чувствувам како да сме на брод што тоне, на сите сè уште јадат, пијат и се радуваат.“

И додека Грета испрати порака до светските лидери на самитот за климатските промени на Обединетите нации и доби награди за нејзината работа, кинеската активистка беше исфрлена до училиште поради одбивањето да се откаже од својата кампања. Во Кина позната како Оу Хонгси, таа се соочи и со притисокот на полицијата, притисокот од семејството и со острите критики на Интернет. Но, тинејџерката тврди дека нејзината животна мисија е да го предупреди целиот свет пред да биде предоцна. Како што вели: „иако не се плаши од полицијата“ и нејзините родители се под притисок од службените лица. „Откако полицијата ме испрашуваше, моите родители се потрудија да ме спречат. Ме чуваа дома, не ме пуштаа да излезам, да прифаќам интервјуа или да бидам дел од климатското движење и да ги прегледувам моите електронски уреди. Еден ден, со нив се расправав осум часа. Беше многу тешко и болно за мене.“

По протестите пред зградата на владата, почнала да сади дрвја околу Гвилин, градот во кој живее и да ги проучува методите на ненасилни протести, особено следејќи ја работата на Махатма Ганди. Таа, исто така, се обиде да регрутира повеќе млади луѓе да и се приклучат во движењето, но во најголем дел таа сама ја води борбата. Бидејќи, нејзината кампања привлече големо внимание, таа одлучи да се исели од семејниот дом - што е многу невообичаено во Кина, а сега живее сама во хотел. Нејзините родители се грижат за нејзината безбедност, а нејзиниот татко е многу загрижен поради тоа што може да заостане од своите врсници, кога е образованието во прашање. „Не гледам иднина за неа доколку остане на овој пат. Јас ја предупредив никогаш да и се спротивставува на владата и на Партијата со нејзиниот активизам“ - вели нејзиниот татко. Оу, од друга страна, тврди дека не работи против они што се на власт и нејзиниот активизам го гледа како прашање поврзано со моралот.

Има неколку илјади следбеници на социјалните мрежи, но сепак се бори да добие поголема поддршка во Кина. Минатата година ја пропатува земјата, за да присуствува на состаноци со невладини организации и активисти за животна средина и вели дека имало многу малку разбирање за климатската криза - а, патувањето било најосамениот период од нејзиниот живот. „Не го знаев патот, ниту какви луѓе во Кина би ме поддржале. Се чувствував како да сум на отворено и празно место изолирана од поддршка“ - се присети таа.

А, потоа, во октомври минатата година, таа се соочила со критиките на милиони луѓе на Интернет, откако нејзиното интервју за германските медиуми стана многу популарно на кинеските социјални мрежи. Многумина ја обвинуваа дека само бара внимание, додека други ја споредуваа со Грета, која инаку е чест предмет на потсмев на кинеските корисници на интернетот. Потоа, таа ги избегнуваше социјалните мрежи со месеци. За време на најтешките месеци, Оу вели дека силата ја пронашла во живописната природа на својот роден град - нешто во што уживала уште од детството: „Моето повторно поврзување со природата ми помогна да ја видам својата вредност“ - вели таа.

Оу верува дека кинеската јавноста е или неука и неупатена или едноставно го отфрла проблемот со климатската криза, но и понатаму се надева дека ќе успее да воспостави младинско движење, исто како нејзиниот репер - Грета Тунберг. „Има многу млади Кинези на кои им треба само малку охрабрување за да зачекорат смело напред, но мојот глас не стигнува до нив, не можеме да се обединиме. Затоа, сега се обидувам со сите сили да се слушне мојот глас“ - заклучи Оу.

Извор:  soeursmagazine.com


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: