По стапките на познатите родители: Помалата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак ја претставува Македонија на „Little Miss Galaxy 2022“ (ФОТО)

По стапките на познатите родители: Помалата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак ја претставува Македонија на „Little Miss Galaxy 2022“ (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Како што веќе сите добро знаете Светлана и Мики Црнокрак имаат две ќерки, кои се плод на нивната љубов, а успешно го водат и модното студио „Црнокрак“.

Постарата, Моника дипломираше на Економскиот факултет и веќе покажа дека ќе чекори по стапките на познатите родителите освојувајќи неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитантски настап во 2018 година за Мис фотогеничност на изборот Мис лето Интернационал, кој се одржуваше во Киренија, Кипар.

Помалата, Нина сѐ досега не покажуваше афинитети кон оваа професија, но сега сѐ се промени. Имено, 10-годишната наследничка на Мики и Светлана ја претставува Македонија на Little Miss Galaxy 2022, настан за млади модели кој се одржува во Бугарија.

Оваа информација ја објавија на Инстаграм профилот на модното студио Црнокрак, каде што претставија уште 5 учесници од Македонија - Јована Угриноска, Матеја Дудиќ Дамјаноска, Михаил Михаилов, Елена Додевска и Дора Стефанова. Шесте млади луѓе веќе се во Бугарија, каде што вчеравечер ја претставија нашата традиција.


фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: