По стапките на својот татко: Помалиот син на Дејвид Бекам ја има својата прва тетоважа
Неговиот популарен татко, но и брат се покриени со многу тетоважи, а делува дека и Ромео Бекам тргна по нивните стапки.
Имено, додека уживаат во убавините на летото во Грција, тој ја направи својата прва тетоважа. 17 - годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам ја покажа својата прва тетоважа, додека влегуваше во водата, каде што беа неговиот татко и помалата сестра Харпер.
Тетоважата е најверојатно „тазе“, бидејќи тату артистите започнаа со работа од неодамна, откако беа принудени да се затворат поради ограничувањата предизвикани од пандемијата.
Може да ве интересира:
Неколку недели по веридбата: Бруклин Бекам се венчал во тајност?