По тешкиот период, полека но сигурно му се враќа на секојдневието: Шијакоска во друштво на момчето и најблиските (ФОТО)
По четирите операции на главата, битолчанката Александра Шијакоска полека, но сигурно му се враќа на секојдневието.
Откако се врати дома за Велигден, и ја објави првата фотка во тренди комбинација, вчера Шијакоска им го честита Рамазан Бајрам на сите пријатели и објави фотки во друштво на нејзиното момче Едмонд и нејзините сакани луѓе.
Сега, за овој голем муслимански празник, во пастелна комбинација составена од виолетов костим, усогласен со розова маица, капче и чанта и минт пастелен мантил, Александра покажа супер моден стил кој го заокружи со транспарентен Swatch часовник.
Александра со момчето Едмонд
Ги покажа и сестра ѝ и нејзината преслатка внука- Да сме живи и здрави и уште долго да си славиме - напиша Шијакоска покрај низата фотки споделени за овој голем празник.