Ја нарачала кога била хоспитализирана првпат: Александра Шијакоска во тренди комбинација се врати на голема врата (ФОТО)

Ја нарачала кога била хоспитализирана првпат: Александра Шијакоска во тренди комбинација се врати на голема врата (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатата македонска инфлуенсерка по неколку месеци пауза, со тренди комбинација го „апдејтираше“ профилот на Инстаграм...

По известувањето дека ѝ биле направени четири операции, за Велигден, Александра Шијакоска се врати дома помеѓу најблиските. Празникот го помина во кругот на семејството, а на своите следбеници им покажа како го декорирала домот за празниците.

Сега, неколку дена подоцна, Александра ја објави својата прва фотографија по тешкиот период. Инфлуенсерката позираше во пастелно розов костим, а истиот го искомбинира со бело - розови патики.

„Една од омилените работи во болница. Да нарачувам работи кои не сум сигурна дека ќе има кога да ги носам. Оделото си го нарачав уште првиот пат со надеж дека ќе го носам штом си одам дома и штом сум подобра. Иако се се одложи за месец-два се надевам дека доаѓаат подобри времиња.“ - напиша покрај фотографијата познатата инфлуенсерка.


По објавата сподели и неколку сториња во кои посочи дека оваа поза отсега ќе ја гледаме почесто на нејзиниот профил.

Не изостанаа ниту искрените желби за повеќе да не се враќа во болница и надеж дека процесот на заздравување нема да се искомплицира.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: