
Дома ме чекаат јајцата и бојата, морам да го забрзам процесот на заздравување: Шијакоска откри дека ѝ билa направена и четвртата операција (ФОТО)
Откако го кон крајот на март ги извести обожавателите дека е повторно хоспитализирана, инфлуенсерка Александра Шијакоска, уште нема заздравено за да може да се врати дома. По трите операции, откри дека деновиве ѝ било направена и четврта операција.
Сега, повторно се огласи на Инстаграм, а во продолжение во целосност ви ја пренесуваме нејзината исповед:
„Дочекав и четврта операција. Каква глава ќе беше оваа мојата? Колку животи имаа мачките? Можеби сум мачка, а не сум знаела досега.“
„Нема поента веќе да тагувам, да се жалам и да ве полнам со негативна енергија. Овој живот ми е доделен мене! Каков - таков. Има да си го живеам и песна да пеам. Овој пат оддолу ми ја скратија косата. Ќе можам да камуфлирам дека имам коса.“
„Тука има една сестра Анастасија, се договоривме следно да се видиме на некоја плажа не во болница. Подготвена сум уште една вечер да бројам овци з ад аси одам дома. Не знам дали сум кажала воопшто не сакам полници, ни да лежам (лежам само ако се разболам), па ова ми е најголема казна.“
„Денес можам да ги мрднам само очите. Тоа сигурно го забележавте, од утре ќе ја мрдам и главата. Веќе влегов во рутина. Сѐ си знам пред време. Дома ме чекаат јајцата и бојата, мора да го забрзам процесот на опоравување овој пат.“
фото: Принтскрин / Инстаграм