Спремна бев за еден, а ми беа направени три оперативни зафати на главата: По еден месец Шијакоска конечно е дома (ФОТО)
„Се изморив и изгубил волја за живот. Колку и да си позитивен и да го сакаш животот по месец во болница се губи секаква смисла“ - напиша во својата исповед младата инфлуенсерка....
Александра Шијакоска, една од најпознатите македонски инфлуенсерки кон крајот на месец февруари сите ги растажи и потресе откакок откри дека ѝ бил откриен тумор на главата. Во оваа борба влезе позитивно, па така на една недела пред операцијата покажа како го прослави 29-от роденден, а првите видеа и фотки по операцијата беа доказ дека добро се бори со тоа.
Но, за жал судбината имала поинакви планови - Александра ги извести своите следбеници дека е повторно хоспитализирана.
Сега, на скоро еден месец од таа објава, познатата инфлуенсерка повторно се огласи на Инстаграм, откривајќи дека ѝ биле направени уште два оперативни зафати, од кои вториот го прифатила многу тешко.
„Мислам дека ви сум должна неколку сториња. Знам дека сте загрижени за мене, па ви ги должам овие неколку сториња. За жал ништо не се одвиваше како што очекувавме и многу работи се искомплицираа па морав да останам во болница скоро месец. Спремна бев за еден, а ми беа направени три оперативни зафати на главата од кој последниот ми беше најтешко да го прифатам. Се изморив и изгубил волја за живот. Колку и да си позитивен и да го сакаш животот по месец во болница се губи секаква смисла. Уште сум многу слаба и тешко ми е да се движам, ама конечно сум дома, закрепнувам и се молам никогаш да не се повтори. Да не видам болница веќе.
Знам дека сите ме чекате да се вратам назад. И вие мене ми недостигате. Не стигнувам да ги прочитам сите пораки, ама одвај чекам да се вратам и да си биде се како порано. Уште се трудам да сфатам зошто секогаш мора да го извлечам најдебелиот крај, ама среќа преживеав па имам цел живот пред мене за да откријам“ - напиша Шијакоска на својот Инстаграм профил.
фото: Принтскрин / Инстаграм