По Тоше, Мартинијан е новото музичко чудо: Карлеуша со емотивна порака пред финалето!
Вечерва се оддржува финалето од музичкото натпреварување Ѕвезде Гранда. Еден од финалистите кои се македонци е и кумановецот Мартинијан Кириловски. Тој за време на целото натпреварување беше миленик на својата менторка Јелена Карлеуша, а пред самото финале таа сподели емотивна порака со која апелира сите да гласаат за ова момче.
„Мартинијан во неколку наврати на ова натпреварување пееше така што веднаш ја заслужи победата. Македонија и Балканот го имаа и имаат Тоше, но верувам дека сите добивме ново музичко чудо. Овој дечко на целиот свој талент е и бескрајно добар човек, скромен, убаво воспитан... Прекрасен! Гласајте за Мартинијан бидејќи тој со својот талент, појава и харизма го ЗАСЛУЖУВА тоа!“ - напиша Карлеуша на сторито кое го сподели на својот Инстаграм профил.