По три недели пловење пристигна во Лисабон: Што подготвува Грета Тумберг?
Грета Тумберг, која од САД го започна ова патување, ќе направи еднодневна посета во Лисабом, каде ќе се сретне со други активисти.
Таа со едно австралиско семејство плови на јахта која е еколошки прифатена. 15 метри долгата јахта „Vagabonde“ користи соларни панели и хидрогенератори за струја.
Шветската активистка, имено, одбива да патува со авион бидејќи тоа превозно средство кое ја загадува околината.
Грета на крајот на септември одржа многу емотивен говор на самитот на Обединетите нации за климата во Њујорк. Таа тогаш ги обвини светските лидери, велејќи им дека имаат пропуст во преземањето на мерки во борбата со климатските промени, па ги запраша „како се осмелуваат“. Ги обвини дека и ги украле соништата и детството.
На почетокот на својот говор посочи дека не бара ниту слава, ниту богатство. Ги повика светските лидери да се потрудат и да направат нешто подобро од она што моментално го прават.
Од Лисабон, Грета ќе се упати кон Мадрид, каде што ќе се одржи Конференцијата за климатските промени на Обединетите нации.
Heading into Lisbon!! pic.twitter.com/9p72ONByAm
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) December 3, 2019