По вторпат: Даниел Кајмакоски и Ивана Петерс победници во Твоето лице звучи познато

По вторпат: Даниел Кајмакоски и Ивана Петерс победници во Твоето лице звучи познато

Објавена во: Stars // Музика

Вечерва се одржа финалето од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“. Како што веќе знаете претставник од Македонија е поп пејачот Даниел Кајмакоски, кој во 2016 година го освои првото место и освоените 25 илјади евра ги донираше во хуманитарни цели за лечење на две деца од Куманово.

Во оваа „all stars“ сезона, тој се врати заедно со Ивана Петерс со која во третата сезона беа конкуренција еден на друг. Тие вечерва имаа заеднички настап. Заедно ја изведоа емотивната балада „Broken Strings“, која ја изведуваат Џејм Морисон и Нели Фуртадо.


Како и секоја сезона така и оваа публиката го имаше главниот збор. До самиот крај беше неизвесно кој ќе ја однесе победата, но бројот на гласовите ги донесоа победниците. Во петтата „all stars“ сезона победници се Даниел Кајмакоски и Ивана Петерс. 25.000 евра ќе бидат донирани во хуманитарни цели и истите ќе бидат пренасочени до 2 - годишниот Урош Матошевиќ.

За потсетување низ сезонава, Даниел имаше многу трансформации - од Хју Џекман, па се до Џејмс Морисон. Во деветтата епизода кога го имитираше Шон Мендес ја однесе индивидуалната победа, како и во полуфиналето кога го имитираше оскаровецот Сем Смит.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: