Победи во „Ѕвездичките на Пинк“ и има дует со Северина: Малиот Љуба порасна и пее уште подобро
Денес пее уште подобро...
Се сеќаватели на малиот Љуба Санковиќ, кој во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ го освои регионот? Тој пред 3 години ги освои сите, почнувајќи од жирито, па се до оние кои го следеа ова музичко натпреварување.
Тогаш имаше само 5 години и се уште не можеше убаво да изговори некои зборови, но тоа не го спречи со најчисти емоции да ги изведе едни од најпознатите балади, меѓу кои беше и „Бато“ на нашата Калиопи Букле. Дека беше омилен кај многу изведувачи, говори и фактот што Љуба, во април 2019 година, беше гостин на концертот на српскиот заводник Саша Ковачевиќ, кој се одржа во Скопје, а никако не смееме да го заборавиме и дуетот со Северина.
Денес, три години подоцна, 8 - годишниот Љуба е се уште активен кога е пеењето во прашање, а пред неколку дена на Инстаграм се појави видео во кое на увце и пее на познатата фолк пејачка Весна Змијанац.
Како изгледа и како пее денес ова „чудо од дете“ погледнете во продолжение: