Победничката балада „Без тебе” на Филип Јордановски доби емотивна видео приказна
Победничката песна од поп вечерта на Охрид фест 2018, „Без тебе” на Филип Јордановски доби видеозапис. Видеото го изработи Александар Ристовски Принц, а снимано е на неколку локации во Скопје и Куманово.
Покрај Филип како главен лик во приказната, се појавува и неговиот придружен бенд, а единствената дама во видеото е моделот Тања Коцевска.
Авторите на песната се Владимир Дојчиновски (музика и аранжман) и Ристо Самарџиев (текст). Инаку ова 17- та снимена песна во досегашна музичка кариера на Филип, од кои само 6 добија и видео приказна.
Во продолжение погледнете го видеозаписот за „Без тебе“.