Побегна од дома за да полага приемен: Тамара сега доби стипендија за престижната Математичка гимназија

Побегна од дома за да полага приемен: Тамара сега доби стипендија за престижната Математичка гимназија

Објавена во: Совети // School zone

Додека сите бегаат од училиште, бидејќи не им се учи, 13 - годишната Тамара Блажиќ од Ниш побегна од дома за да полага приемен испит во Математичката гимназија во Белград. Таа го преземела овој чекор, бидејќи нејзините родители се противеле на оваа нејзина одлука, иако сега и се смее светла иднина.

Со своето бегство Тамара ги загрижила свотие сакала, но и цела држава, која сега е воодушевена до нејзината одлучност да се образува. Упорноста на оваа тинејџерка судејќи по се ќе ја донесе далеку, бидејќи откако се дознало зошто избегала од дома, до нејзе стигнала понуда за стипендија од еден од најугледните и најуспешните професори во Србија.

Имено, Раша Карапнџа, шефот на катедрата за финансии на EBS Универзитетот во Визбаден и заменик декан на оваа установа, објави на Твитер дека е подготвен да и даде стипендија на храбрата Тамара. Тој, исто така додаде дека девојчето треба да биде примено во Математичката гимазија, а неговиот предлог наиде на огромна поддршка.


„Гимназијата во Белград им овозможува на талентираните дека да се запишат во средно училиште доколку го положат приемниот, без оглед на тоа што не завршиле осмо одделение. Тамара е видена во Белград, ја фотографирале на приемниот. Конечно е пронајдена и е во прегратката на своите родители. Добро е што ништо не и недостасува, за среќа“ - изјави нејзината тетка за медиумите по пронаоѓањето на Тамара.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: