Почина еден од омилените ликови од серијата „Сексот и градот“: Веста ја потврди неговиот син

Почина еден од омилените ликови од серијата „Сексот и градот“: Веста ја потврди неговиот син

Објавена во: Stars // Филм

Тој беше еден од најсимпатичните и најомилени ликови во серијата.

Познатиот актер Вили Гарсон, на сите добро познат како Стенфорд Блек од култната серија „Сексот и градот“, почина на 57 -годишна возраст. Американските медиуми наведуваат дека тој се борел со ракот долги години.

Веста беше потврдена од HBO, стриминг услуга која ја произведува познатата серија на чии нови епизоди работеше Гарсон. Едно од неговите последни патувања на сетот беше во текот на јули. „Вили Гарсон беше во животот, како и на екранот, верен пријател и светла точка за сите што беа дел од неговиот живот. Тој ги создаде еден од омилените ликови од серијата и беше дел од нашето семејство речиси 25 години. „Неверојатно сме тажни за неговата смрт и изразуваме сочувство до неговото семејство и блиските пријатели“, изјави портпаролот на HBO за New York Post.

Гарсон во серијата играше геј пријател на Кери Бредшо. Но интересно е како двајцата се запознале, тие првпат се сретнале на „состанок на слепо“ многу порано отколку што започнале со снимање на серијата. Гарсон во приватниот живот сакаше жени, но никогаш не зборуваше за тоа.

Како што еднаш изјави за американските медиуми - тој не сакаше никого да уверува во својата сексуалност, особено затоа што мислеше дека тоа може да биде навредливо за хомосексуалците.

Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син на социјалните мрежи.


извор:nova.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: