Почина мајката на Силвестер Сталоне: Со силна причина се нарече „Мама Рамбо“
Мајката на познатиот холудски јунак Силвестер Сталоне, Џеки Сталоне почина во 99 - тата година од животот, пренесуваат странските медиуми. Деталите за смртта засега не се познати на јавноста, но „TMZ“ пренесува дека „неодамна починала“.
Родена е како Жаклин Френсис пред 98 години во Вашингтом, а на 15 години побегнала од дома. Била опседната со вежбањето и кревањето тегови, па кога пораснала отворила теретана наменета за жени.
Беше една од творците на телевизиското шоу „G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling“, кое се прикажуваше во 80 -тите, а секогаш ги сакала фитнесот и женските натпреварувања во сила.
Сепак, нејзина најголема страст била астрологијата, па за тоа напишала и книга: „Силата на ѕвездите: Астролошки водич за успех“ која е објавена во 1989 година и која влезе дури и во училишната литература.
До смртта вежбаше и на својот Инстаграм профил често споделуваше видеа во кои крева тегови, а често истакнуваше дека се чувствува многу младо. Сакаше да изгледа што помладо, па затоа направи неколку пластични операции, кои го уништија нејзиниот изглед.
Неодамна во едно интервју призна дека е есвесна колку лошо изгледа поради сите корекции кои ги има направено.
Самата себе се нарекуваше Мама Рамбо, Мама Сталоне и мама Роки и така оддаваше почит на улогите на својот син кои ги обожуваше.
Зад себе го остави сопругот Стивен Маркус, синовите Силвестер и Гренк Сталоне, како и многуте внучиња.
Џеки имаше и ќерка, актерката Тони Ди Алто, која почина во 2012 година на 48 години, откако не ја доби битката со рак на дојката.