Почина млада пејачка: Имаше само 23 година, деталите за несреќата сè уште не се познати
Пејачката Емани Џонсон почина во сообраќајна несреќа...
Голем број пријатели и следбеници се простија од пејачка Емани на социјалните мрежи. Американските медиуми пренесуваат дека настрадала на лице место во сообраќајна несреќа на 23 години.
Колегите ја оплакуваат пејачката, апосебна порака ѝ посвети нејзината добра пријателка, раперката Бед Баби.
„Не знам ни што би кажала... Ова не изгледа реално. Со тебе го поминував скоро секој ден. Ме научи на толку многу работи. Ти си моја инспирација за многу работи (коса, нокти, стил итн), моја постара сестра, многу ќе ми недостасуваш“ - порача пејачката.
Емани Џонсон минатата година го објави својот дебитантски албум под назив „The Color Red“. Деталите за несреќата засега не се познати.