Почина на 39 години: Како зборуваше Сара Хардинг за борбата со болеста?

Почина на 39 години: Како зборуваше Сара Хардинг за борбата со болеста?

Објавена во: Живот // Живот

Потресните вести ги објави нејзината мајка Мери на Инстаграм...

Пејачката Сара Хардинг која беше член на некогаш популарниот женски бенд „The Girls Aloud“, почина вчера на 39-годишна возраст по изгубената битка со ракот на дојка.

Таа минатата година на Истаграм откри дека докторите и дијагностицирале рак на дојка.

„Се надевам дека сте сите добро и дека се чувате во овие несигурни времиња. Долго не објавував ништо на Инстаграм и ви благодарам на сите кои се загриживте дали сум добро, тоа многу ми значи. Имам чувство дека сега е време да споделам со вас што се случува“ - ја започна тогаш својата исповед, а потоа продолжи:

„Не посоти едноставен начин да го кажам ова и не се чувствувам добро што воопшто го пишувам, но вака стојат работите. На почетокот на оваа година ми дијагностицираа рак на дојка. Добив и лоши вести, дека е малигните клетки се прошириле на другите делови од телото. Моментално сум на хемотерапија и се борам со оваа болест колку што можам“.

Сара тогаш истакна дека мајка ѝ и пријателите ѝ се голема поддршка и дека ѝ помагаат да биде што похрабра и да помине низ лекување. Тогаш исто така посочи и дека се труди да остане позитивна, но жал не успеа да ја добие оваа битка.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: