Почина пред 16 години: Вака изгледаше мајката на Рада Манојловиќ

Почина пред 16 години: Вака изгледаше мајката на Рада Манојловиќ

Објавена во: Живот // Живот

Нејзината смрт ја нема преболено до ден денешен...

На познатата пејачка Рада Манојловиќ, најголема поддршка во животот и била некјзината мајка, особено кога се музиката и пеењето во прашање.

„Се сеќав колку сакаше да успеам во ова. Една година пред нејзината смрт се појавив во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ и испаднав. Мене тогаш светот ми се сруши, а таа таа ме бодреше и не дозволи да паднам. Ги помнам нејзините зборови, ми зборуваше со својот мил глас кој смирува: „Мила, ова не е крај. Ти сигурно еден ден ќе бидеш ѕвезда. Голема ѕвезда како Драгана Мирковиќ.“ Имаше визија. Навистина веруваше во мене. Своите последни денови ги поминуваше така што ме советуваше како и што да правам во животот. И сега ми доаѓа да заплачам кога ќе се сетам колкав борец беше и колку сакаше да успеам. Затоа сето она што го постигнав ѝ го должам на неа. Сите песни, хитови и концерти ги посветив на мојата мајка“ - раскажа Рада за „Глоси“ пред неколку години.

Пејачката пред три години ја објави првата фотографија од својата мајка со зборови кои навистина болат.

„Таа заслужа да знаете како изгледаше и колку беше убава. Мојата убавица, мојот херој и ангел. Мирјана“ - напиша пејачката покрај семејната фотографија која ја сподели на својот Инстаграм профил.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: