Се потсетуваме на едно емотивно видео од Калиопи и нејзиниот татко
„Моја сила, светлост, сјај…“ - Денес поп дивата Калиопи се прости од нејзиниот татко со стих од песната „Дона“.
Пејачката на социјалните мрежи објави дека починал нејзиниот татко:
Калиопи често знаеше да сподели фотка или видео со нејзиниот татко, па така во една прилика објави емотивно видео со него, како таа го бричи и нагласи дека тоа ѝ било омилен момент од изолацијата:„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи ... Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења .. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн ... И сега, после толку години, улогите се сменија ... И можеби ова е многу помило и поубаво за мене .. . Еден од моите најомилени моменти во изолација ... бричење на брадата на тато ... И јас се усовршив ... Како да пишувам една од моите најубави песни.“