Почивај во мир легендо, Дедо Метео: Спасе од „Сител“ за загубата на драгиот колега
ТВ презентерот Спасе Јовановски од ТВ„Сител“ на својот профил на Фејсбук сподели многу тажна вест.
Имено тој објави дека починал неговиот драг колега Трајче Андоновски, за јавноста познат како „Дедо Метео'“ или човекот кој ја презентираше временската прогноза на ТВ „Сител“.
„Имав чест, првото утринско кафе да го пиеме заедно. За мене, а и за сите во „Сител", омилен колега, а за сите други ДЕДО МЕТЕО! Почивај во мир легендо! Те сака твој Спале! “ - напиша Спасе.
- Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа „Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро. Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш.- раскажа за своите утрински ритуали тој за Женски Магазин.