Почивај во мир Тоде мој, таму некаде каде болки и премрежја нема: Маријана со емотивни зборови се прости од поранешниот сопруг

Почивај во мир Тоде мој, таму некаде каде болки и премрежја нема: Маријана со емотивни зборови се прости од поранешниот сопруг

Објавена во: Живот // Живот

Вчера почина македонскиот текстописец и композитор Тоде Новачевски. Тој зад себе остави многу песни, а помеѓу најпознатите песни кои ги има напишано се оние кои ги отпеа неговата поранешна сопруга Маријана Новачевска и нејзината сестра Росана.

Иако долго време боледуваше, сепак смртта на Тоде ја погоди и Маријана, која со емотивни зборови и песна се прости од својот сакан.

„Рековме збогум. Сакам песно моја да те испеам, сета болка своја, како солза да ја слеам... Одлетај песно моја, моја гулабице, побарај ведро небо за мојот бол на срце. Почивај во мир Тоде мој. Таму некаде каде болки и премрежја не постојат“ - напиша Маријана во објавата.


фото: Принтскрин

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: