Почна да го плаќа данокот за непромислената одлука: Рита Ора забранета на една радио станица

Почна да го плаќа данокот за непромислената одлука: Рита Ора забранета на една радио станица

Објавена во: Stars // Музика

Дали ова ќе ја натера да внимава повеќе во иднина?

Откако пејачката Рита Ора го прекрши карантинот организирајќи роденденска прослава за јубилејниот 30 - ти роденден, јавноста никако не престанува да го изразува своето незадоволство. Рита имаше покането 30 - тина луѓе кои присуствуваа на тајната забава во ресторан во Лондон, а иако се извини за оваа непромислена постапка, сепак почна да го плаќа данок за истата.

Имено, Рита Ора повеќе нама да се слуша на радио станицата „Exe“, бидејќи ги прекршила мерките за карантин и тоа среде пандемија на коронавирус. Оваа вест  ја споделија на Твитер од радио станицата.


Рита, сѐ уште се нама огласено на оваа тема...

фото: Рита Ора / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: