Уште еден блам на познатата пејачка: Цела Британија е затворена поради короната, а Рита Ора прави забави

Уште еден блам на познатата пејачка: Цела Британија е затворена поради короната, а Рита Ора прави забави

Објавена во: Совети // Семејство

Сите ја нарекуваат измамник...

Пејачката Рита Ора го прекрши карантинот организирајќи ја прославата по повод својот 30 - ти роденден. Имено, Рита на забавата покани триесетина лица кои присуствуваа на тајната забава во ресторан во Лондон, а ова нејзино дејствие наиде на остри осуди од јавноста.

„Сметаат дека за нив правилата не важат, бидејќи се богати и познати“ - коментира еден медицински работник, пренесува „The Sun“.

Британците кои ја почитуваа оваа мерка, Рита ја нарекоа себична ковид - лажливка.

Меѓу гостите беа многу пријатели на Рита од шоу - бизнисот, како моделите Кара и Попи Делевињ.

Сестрата на Рита, Елена, Вас Морган и многу други беа видени како минуваат низ задниот влез на ресторанот носејќи шишиња алкохол.


Во еден момент, полицијата дошла до ресторанот и биле уловени како ѕиркаат низ прозорецот обидувајќи се да влезат во ресторанот, кој бил заклучен.

„Рита и нејзината сестра први стигнале во ресторанот. Имаше околу 30 - тина гости, сите беа многу гламурозно облечени и во зградата влегоа од задниот влез, додека обезбедувањето внимаше да не влезе никој друг. Забавата траеше до раните утрински часови“ - раскажа изворот за „The Sun“.

Во меѓувреме, сопственикот на ресторанот тврди дека првпат слуша за таа забава и дека ресторанот е во сопственост на акционери.

Да потсетиме, британската влада воведе карантин од 5 ноември до 2 декември во обид да спречи социјални собири. Рестораните се затворени, работат само со достава.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: