Почна судењето на Џони Деп и Амбер Херд: Актерот од поранешната сопруга бара отштета од 50 милиони долари
Почна судењето помеѓу познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, по тужбата која ја поднесе Деп.
Деп ја обвинува поранешната сопруга дека „лажно го прикажала како насилник во семејството“ во текстот кој го обавила во „Вашингтон пост“ во 2018 година.
Амбер тврдеше дека претрпела физичко насилство од страна на Деп, што тој го негира.
Актерот за отштета бара дури 50 милиони долари, што е четири пати поголем износ од проценетото богатство кое моментално го има актерката.
Пред зградата на судот, пред почетокот на судењето, беа соберени обожавателите на Деп, од кои некои обожавателки држеа транспаренти со натпис „Правда за Џони“, пренесува „Асошијејтед прес“.
Деп и Амбер се судат веќе шест години, а ќе сведочат и многу јавни личности меѓу кои се и Џејмс Франко, Пол Бетани, Илон Маск, претставниците на компаниите „Walt Disney“ и „Warner Bros“, како и полицајци од Лос Анџелес, пријатели, членови на семејството и останати личности поврзани со поранешните сопружници.
Херд два дена пред почетокот на судењето во Вирџинија на социјалните мрежи привремено се прости од своите следбеници, велејќи дека ќе биде зафатена со судењето.
Се очекува ова судење, кое е затворено за јавноста, но привлекува големо внимание, да трае повеќе од еден месец.