Под маска е тешко да се познае која е мајката, а која ќерката: Познатите убавици воодушевија со изгледот

Под маска е тешко да се познае која е мајката, а која ќерката: Познатите убавици воодушевија со изгледот

Објавена во: Мода // Moj стил

Американската манекенка Џиџи Хадид и нејзината мајка Јоланда Хадид беа фотографирани додека одеа на прошетка во студениот Њујорк и никој не можел да разликува која од двете е познатата мајка, а која ќерката.

Имено, познатата манекенка, која неодамна се породи, ја остави својата ќерка со својот партнер Зејн Малик, а таа реши да направи мала пауза од обврските околу бебето и да оди на кафе со својата мајка.

Тие беа фотографирани во Сохо во кафулето „Le Vain“ од каде што земаа кафиња за носење, а во оваа прилика и двете беа се добро стилизирани.

Иако многумина не ги разликуваа бидејќи и мајката и ќерката имаат фантастична фигура, обожавателите сепак ја препознаа Џиџи во карираното палто и сините панталони, додека Јоланда носеше бела зимска јакна, сиво здолниште и бели хеланки.

И двете носеа бели патики и маски за лице и држеа дистанца од другите луѓе за да се заштитат од коронавирусот.

фото: Profimedia 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: