Подарок од 200 милиони: 18-годишно момче придружник на Џеф Безос во универзумот
Тинејџерот е син на извршниот директор на Сомерсет Капитал
Партнерс, Хозе Демен.
Осумнаесетгодишник ќе стане најмладиот човек кој летал во вселената кога ќе му се придружи на Џеф Безос на 20 јули на првиот лет со човечкиот екипаж на неговата вселенска компанија.
Оливер Демен ќе лета наместо анонимниот победник на јавната лицитација на која триумфираше со понуда од 28 милиони долари.
Победникот на аукцијата не можел да лета „поради густиот распоред“, објави компанијата на Безос, Blue Origin.
Тинејџерот е син на извршниот директор на Сомерсет Капитал Партнерс, Хозе Демен.
Демен требаше да има место на вториот лет, но беше преместен во првиот кога се повлече победникот понудувач, соопшти компанијата.
Потоа, тој реши наместо тој да лета неговиот син, студент по физика.
Тој ќе ѝ се придружи на осумдесет и двегодишната Валиа Фанк, која ќе стане најстариот човек во универзумот.
Безос и неговиот брат Марк ќе бидатостанатите патници во ракетата.
Претходниот победник на аукцијата остана анонимен, дури и кога се приближуваше лансирањето, а природата на „конфликтите“ што доведе до нивно повлекување не беше обелоденета.
Blue Origin не соопшти колку чинел билетот за Демен.
Се вели дека летот ќе го исполни животниот сон на тинејџерот, „кој е фасциниран од вселената, Месечината и ракетите од четиригодишна возраст“.
Компанијата планира да лансира патници на повеќе од 100 км над површината на Земјата, за да можат да доживеат микрогравитација.
Капсулата потоа ќе се врати на Земјата со помош на падобран на пат што треба да трае околу 10 минути.
Фото: EPA