Подготовки за нов филмски спектакл: Познато кој ќе ја игра легендарната актерка Одри Хепберн
Актерката Руни Мара ќе ја игра Одри Хепберн во биографскиот филм за култната актерка наречен Call Me By Your Name, во режија на Лука Гвадагино. Фановите се согласуваат дека Руни Мара е најдобриот избор за оваа улога. Не само што потсетува на Хепберн, туку е и извонредна актерка, двапати номинирана за Оскар за улогите во американската адаптација на „Девојката со тетоважа на змеј“ и „Керол“.
Одри Хепберн беше актерка, модел, но и голем хуманитарец. Откако живееше на работ за време на Втората светска војна, судбината ја подготви да го шармира светот со својата грациозност.Таа беше инспирација на познатиот дизајнер Ибер Де Живанши.
Таа освои пет номинации за Оскар за нејзините улоги во филмови, а во 1953 година беше наградена со Оскар за најдобра актерка за нејзината изведба во филмот „Празник во Рим“. Една година подоцна ќе го добие и Златниот глобус за нејзините достигнувања во овој филм. Нејзината можеби најпозната улога останува филмот „Појадок кај Тифани“.
Новиот филмски проект е поддржан од Apple Studios, а за сценариото е задолжен Мајкл Митник.
Фото: профимедиа