Подготвена е фотелјата за наследничката: Ќерката на Кајли Џенер има 3 години и ќе стане „директорка“ на компанија
Сторми Вебстер, тригодишната ќерка на најмладата милијардерка во светот Кајли Џенер (23), веќе заплови во бизнис водите.
Имено, иако е завршено најпознатото реално шоу во светот „Во чекор со Кардашијанс“, Кајли има серија на Јутјуб под името „Inside Kylie Jenner“, во која деталите од животот и понатаму ги споделува со обожавателите.
Токму во една од тие емисии истакна дека нејзината наследничка ќе лансира сопствен бренд.
„Всушност, таа наскоро ќе започне мал, таен бизнис на кој работиме веќе некое време“ - кажа Кајли.
Но, веќе се многу гласни приказните дека брендот ќе се вика „Kylie Baby“ и дека станува збор за козметички производи за најмладите. Инстаграм профилот со ова име, веќе е отворен, но на него нема ниту една објава. Сепак, тоа не го спречи да „собере“ над 850.000 следбеници.
Како што се шпекулира, малата Сторми ќе биде заштитното лице на овој бренд и веќе започнаа коментарите дека тригодишното девојче ќе го заземе директорското место.
„Мала директорка, па ова е царски“, „Мама убаво мислела на неа, ѝ даде фотелја на три години, ќе има каде да седне и да ја продолжи работата кога ќе порасне“, „Можете да се шегувате колку што сакате, девојката направи империја, има што да му остави на тоа дете“, „Сторми е директорка, хит“ - се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Освен тоа, Кајли во новото видео можеби потврди дека тоа е тој бренд.
„Само што ја фотографирав Сторми и користев некои производи од „Kylie Baby“. Би можела да објава фотографија на Инстаграм и да го најавам „Kylie Baby“ - кажа.