Подгответе ги пуканките, Кол Спраус пристигнува на големото платно!

Подгответе ги пуканките, Кол Спраус пристигнува на големото платно!

Објавена во: Stars // Филм

Кол Спраус е 26 годишниот актер кој веројатно ви е познат од серијатаThe Suite Life of Zack & Cody, каде глумеше заедно со неговиот брат Дилан.

Близнаците последниве години веќе не се појавуваат заедно на многу проекти, а тоа го докажува и последниот ангажман на Кол.

На почетокот од годинава на големо се најавуваше филомот Five Feet Apart каде Кол ќе ја има главната улога заедно со Хелји Лу Ричардсон.

Оваа вест особено ќе ги израдува обожавателите на филмот The Fault In Our Stars, бидејќи тематиката на овие два филма е слична. Имено и овојпат станува збор за љубовна приказна меѓу двајца тинејџери кои боледуваат од неизлечиви болести.

Филмот се очекува да ја доживее својата премиера во март следната година, дотогаш изгледајте го трејлерот.

Фото:fivefeetapartfilm 

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: