Подгответе се за летото со попусти и забава – овој петок Late Night Shopping во Скопје Сити Мол
Веќе десет години најомилен дел од јуни се неверојатните попусти во омилениот трговски центар, кои кулминираат со најдобриот ден за попуст во кој продавниците во Скопје Сити Мол работат до полноќ - LateNightShopping во Скопје Сити Мол. Оваа година за посетителите и љубителите на шопингот подготвивме извонредни попусти, но и одлична забава за вистинско шопинг уживање и доживување.
На 24 јуни вратите на Скопје Сити Мол се отвораат во 10 часот наутро за да ги примат “шопингхоличарите“, но и оние кои го чекаат попустот за да го купат омиленото парче и забавата може да почне. Единствено со Скопје Сити Мол има сѐ што сакате со ексклузивни попусти, па искористете го LateNightShopping да го купите омиленото парче облека, обувки, асесоари, накит, козметика, подгответе се за плажа со нов костим за капење, нов куфер или купете нешто за домот.
Притоа во вечерните часови подгответе се за забава – огнено шоу на главниот влез, посетете го модниот корнер и фотографирајте се за да учествувате во натпреварот за најдобро облечен посетител, посетете го шанкот со коктели и супер музика, уживате во ДиЏеј сетот во внатрешноста на Скопје Сити Мол, сликнете се на фотобутот со пријателите и посетете го LateMatineeи уживајте со македонските евергрини со Агни Авшар на летната тераса.
„Овој LateNightShopping, сакаме да им приредиме целосно уживање и вистинско доживување на сите посетители и вистински рај за сите кои уживаат во попусти, шопинг, но и за сте кои сакаат да се забавуваат – имаме ДиЏеј во трговскиот центар и шанк со коктели, огнено шоу, македонски евергрини на летната тераса кај игралиштето, забавен фотобут, натпревар за најдобро облечен посетител, и се разбира неверојатни попусти во омилените брендови. Приредуваме вистинско шопинг доживување за нашите посетители, ден и ноќ кои ќе ги паметат не само по добриот шопинг, туку и по извонредната забава и целосното искуство. Ве чекаме на 24 јуни се до полноќ.“ – од Скопје Сити Мол ги покануваат посетителите.
Видот на попустите и промоциите ги дефинира секој бренд поединечно, попустите се однесуваат за 24ти јуни, денот на LateNightShoppingво Скопје Сити Мол, но најголем дел од брендовите им нудат можност на оние кои не можат да дојдат тој ден попусти и преку целиот викенд. Следете ги профилите на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол за детални информации.
Попустите се објавуваат во четврток.
Се гледаме на LateNightShoppingво Скопје Сити Мол
* ПР - објава