Подобра и од Адел: 17-годишна девојка се појави во хрватскиот „Суперталент“ и на сите им покажа како се пее (ВИДЕО)
Пејачите во хрватскиот „Суперталент“ оваа сезона растураат...
За некои настапи од „Суперталент“ се зборува дека се шокантни, за другите се зборува, бидејќи се толку добри што сите се воодушевени од нив. Ивана имаше токму таков настап. Иако тоа всушност ѝ бил прв вистински настап во животот, тоа би било тоа.
Некој може да знае многу добро да пее, но ако во својот настап не покаже емоции, нема да ја освои публиката. Натпреварувачката која изминатиот викенд се појави во хрватскиот „Суперталент“ немаше проблем со тоа. Успеа дури и да го расплаче најстрогиот член од жирито - Мартина Томчиќ. Тоа не е мала работа! 17-годишната Ивана Дугоњиќ од Бања Лука на сите им покажа како се пее. На аудицата ја изведе песната „To Be Loved“ од Адел и уште со првите стихови ги воодушеви сите. Жирито не го криеше воодушевувањето и на крајот сите станаа и ѝ дадоа таков аплауз каков што ретко кој добива.
За Ивана ова бил прв јавен настап! Никогаш во животот немала настап пред толку многу публика. Жирито ѝ кажа дека е навистина талентирана, а Мартина ѝ призна дека била подобра и од Адел. Комплиментите пристигнуваат од сите страни, а ништо помалку не ни заслужи.
Со пеење се занимавам од 4 години, а знае дури и да свири виолина! Иако виолината во некој момент ја оставила зад себе, бидејќи сфатила дека тоа не е за неа, продолжила да се занимава со пеење. Призна дека соло настапите ѝ се стресни и неудобни, но кога гледа дека успела да ја пренесе својата емоција на луѓето, тоа особено ја развеселува.
фото: Принтскрин / Инстаграм