ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА: Девојката од спотот на „Despasito“ згодна убавица-го покажа виткото тело
Песната „Despacito“, на уметниците Луис Фонси и Деди Јенки, објавена во текот на 2017 година, наскоро ќе има поголем број прегледи на YouTube отколку што има жители на планетата Земја.
Песната собра повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи за четири години. Вкупното население на планетата Земја се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.
Во видеото најмногу внимание привлекува згодна бринета чии заводливи танцови движења привлекоа посебно внимание на публиката.
Оваа убавица е Зулејка Ривера, која влезе во светот на славните личности во 2006 година кога ја освои титулата Мис Универзум Порторико, а подоцна и Мис Универзум на светот. Кратко потоа, таа доби улога во теленовела, а подоцна доби уште неколку улоги во телевизиски сапуници и бројни водечки ангажмани.