Погледнете ја емотивната средба на мајка и син кој 16 дена бил во кома (ВИДЕО)

Погледнете ја емотивната средба на мајка и син кој 16 дена бил во кома (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Трогателно видео беше објавено на крајот на јуни оваа година. На него се гледа како мајка брза да го прегрне својот син кој штотуку се разбудил од кома по 16 дена.

Реакцијата на момчето ги трогна и интернет корисниците ширум светот. Видеото веќе има речиси 60 милиони прегледи на TikTok.

Здравствената состојба на момчето се искомплицирала

Мајката на момчето Тајане Гандра вели дека нејзиниот осумгодишен син Гилхерме имал настинка што се претворила во сериозна пневмонија. Болеста брзо ги зафатила белите дробови и момчето морало да се интубира бидејќи веќе тешко дишел. Тој поминал 16 дена во кома. Сето тоа време, Тајане била покрај момчето, се молела за негово опоравување и со надеж дека наскоро ќе се разбуди.

На денот кога решила да спие дома, таткото на Гилхерме и се јавил и ја замолил веднаш да се врати во болница. Момчето се разбудило и ја повикало мајка си!

Тајане, се разбира, не размислуваше двапати: потрчала назад кај нејзиниот син. „Сине мој, мама истрча набрзина за што побрзо да стигне и да те гушне! Ти си нашето најубаво чудо. (…) Те сакаме до бесконечност“, вели Тајане во објавата.

Погледнете ја оваа трогателна средба подолу.



Видеото од повторното обединување го снимил нејзиниот сопруг и брзо станало вирално. Трогнати од видеото, многу корисници на мрежата испратија пораки на Гилхерме на наклонетост, вера и восхит. 

„Господ Бог е моќен и ја помилува посредничката молитва. Тој те исцели, Гилерме! Алелуја!“ – напиша еден следбеник. „Многу плачев гледајќи го ова видео, но и многу му се заблагодарив на Бога за ова ЧУДО. Господ да продолжи да работи во животот на ова малечко“, напиша интернет корисник.

Сè уште кревок, Гилерме им се заблагодари на луѓето за пораките, молитвите и љубовта што ги доби.

Гилхерме има epidermolysis bullosa dystrophica, ретка наследна болест која предизвикува појава на меурчиња на кожата при најмало триење или повреда. Болеста бара посебна грижа. Сепак, момчето многу добро знае што може, а што не може да направи за да избегне повреда.

„Гилерме е многу силно момче. Дете со голема вера, кое има надеж за подобри денови“, објаснува мајката.

Навистина, јасно е дека силата и вербата на Гилхерме и неговото семејство беа основни за овој мал воин да се разбуди од кома и да го воодушеви светот со овој пример на љубов, вера и издржливост.


ФОТО: Принтскрин видео Инстаграм


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: