Погледнете како ќе изгледа специјалот за Хари Потер: Ема Вотсон се „распадна“ за време на разговорот со Даниел Редклиф и Руперт Гринт
ХБО го објави првиот трејлер за специјалната емисија која носи назив „Harry Potter 20th Anniversary: Return To Hogwarts“, по повод 20 години од премиерата на првиот филм од серијалот Хари Потер. Емисијата ќе биде емитувана на 1 јануари 2022 година на ХБО Макс.
Страта екипа ќе се обедини, Даниел Редклиф кој го глумеше Хари Потер, Руперт Гринт кој го глумеше Рон Визли, Ема Вотсон која ја глумше Хермиона Грејнџер...
Исто така, тука ќе бидат и остантите ѕвезди од серијалот Хари Потер - Роби Колтрејн, Хелена Бонам Картер, Рејф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Именлда Стонтон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Тоби Џонс, Алфред Енох, Метју Луис, Евана Линч, Хелена Бонхан Картер и Иан Харт.
Режисерите на сите осум филмови исто така ќе бидат дел од емисијата, вклучувајќи ги Крис Колумбус, Алфонсо Куарон, Мајк Њуел и Дејвид Јетс, заедно со продуцентот Дејвид Хејман.
„Она што најмногу ме плашеше е импликацијата дека најзначајната работа во нашиот живот е направена. И има нешто толку радосно во тоа да се видат сите, и да се биде како „никогаш да не било“. Не би бил личноста која сум без толку луѓе овде“ - вели Даниел Редлиф во трејлерот.
фото: Принтскрин