Погледнете како Тито му се поклони на Св. Климент во Охрид
За Тито е пишувано се' и сешто. Доживотниот претседател на поранешната СФРЈ беше подвижна историја сам по себе, а остави неизбришлива трага која никој не би можел да ја занемари. Маршалот ја имаше посетено Македонија 17 пати и секогаш беше дочекуван пред стотици илјади кои го поздравуваа на улиците и му се восхитуваа. Неговите пречеци овде беа на ниво на кралска фигура, а така беше и во Охрид, Балканскиот Ерусалим во 1967 година.
Цел град на нозе! Тито дојде со неговата сопруга Јованка и отседнаа во тогашната вила „Тито“, денес вила Билјана, резиденција на македонските претседатели. Маршалот бил фасциниран од Охрид, а вниманието му го одвлекла црквата Св. Климент Охридски. Беше во неа и му се поклони на светецот. А потоа имал обиколка низ сите културно- историски знаменитости.
Погледнете го видеото. Ваков пречек не се памети некогаш да имал некој во овој град и воопшто, во Македонија:
Производство: Вардар филм - Скопје