Поголемиот син на Татјана и Новица наполни 18 години: Луда забава за полнолетство (ВИДЕО)
Пејачката Татјана Лазаревска со семејни фотографии се пофали дека нејзиниот поголем син слави полнолетство.
Татјана и Новица веќе неколку години живеат во Австралија и заедно со нивните синови Петар и Стефан, уживаат во убавините што ги нуди градот Мелбурн. Па, така Татјана на својот Фејсбук профил често споделува фотографии од нивните семејни моменти.
Дека се семејство за пример, во кое владее мир, хармонија, љубов и почит, говорат и видеата од прославата за 18-тиот роденден на кои среќната мајка Татјана е задолжена за музичкиот дел.