Поготовки за третата сезона „Bridgerton“: Еден од главните ликови не се враќа во новата сезона

Поготовки за третата сезона „Bridgerton“: Еден од главните ликови не се враќа во новата сезона

Објавена во: Stars // Филм

Ќе недостига нејзиниот лик...

Актерката во едно неодамнешно интервју нагласи дека на третата сезона од „Bridgerton“ ќе се радува само како гледач, индиректно давајќи до знаење дека нејзиниот лик нема да го гледаме во третата сезона.

Едвај ја чекаме новата, трета сезона од серијата „Bridgerton“! Приказната ги привлече сите, а периодот до излегувањето на новата сезона, секој пат е сѐ потежок. Како што открија порано актерите, третата сезона ќе биде фокусирана на љубовта на Колин и Пенелопе. Дали оваа двојка конечно ќе добие среќен крај или нивната љубовна приказна ќе заврши тажно, останува да видиме кога ќе излезе новата сезона.

Но, сега целиот свет дозна уште една помалку тажна информација. Една од главните актерки посочи дека таа нема да се врати во третата сезона и дека во новата сезона ќе ужива како гледач. Фиби Диневор за „Screen Rant“ го раскажа ова. Ја гледавме во првата и втората сезона како Дафне, а изгледа дека нејзиниот лик повеќе нема да биде дел од оваа серија.

via GIPHY

Фиби беше центарот на приказната во првата сезона и сега навистина нема потреба да се појавува толку многу, бидејќи секоја сезона се фокусира на различен лик. Во секоја наредна сезона, некој друг од нејзиното семејство ќе биде во фокусот. Двојките кои наоѓаат среќа во претходните сезони, се пензионираат еден по еден. 

А, прашањето кое ги мачи сите е кога „Bridferton“ ќе се врати на Нетфликс? Не се знае! Нетфликс сè уште не открива кога ќе биде објавена. Она што е сигурно е дека нема да биде обајвена во февруари. Шпекулациите велат дека за новата сезона ќе треба да почекаме до есен/зима.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: