Покажа како треба да изгледа девојче од 10 години: Ќерката на Дејвид Бекам се појави со омбре ефект (ФОТО)

Покажа како треба да изгледа девојче од 10 години: Ќерката на Дејвид Бекам се појави со омбре ефект (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Дејвид Бекам е главна сензација во Венеција, појавувајќи се заедно со ќерката Харпер Севен, која го привлече целото внимание...

Дејвид Бекам ужива на одмор во Венеција, каде со ќерката Харпер Севен ги поминува топлите летни денови од каде споделуваат моменти на социјалните мрежи.

По повод прославата за 180-от роденден на луксузниот бренд за јахти „Рива“, која се одржа во Венеција, Дејвид и неговата 10-годишна ќерка привлекоа најголемо вниамние помеѓу гостите.

Фудбалерот носеше стандарден црн костум, додека Харпер Севен заблеска во балски шарен фустан. Таа носеше преработен модел од колекцијата Postcard на Zimmerman, а во прашање е фустан со омбре ефект во сини и розови нијанси од свила.

Горниот дел на фустанот нема прерамки и ја следи линијата на телото, додека надолу полека се шири, во облик кој потсетува на балски фустан. Девојчето фустанот го имаше искомбинирано со спортски патики и бели чорапи, а тоа дефинитивно е логичен избор за нејзините години, што на многумина им го привлече вниманието.

Своето воодушевување не можеше да го сокрие ниту Викторија Бекам, која сподели фотографија од својата ќерка и сопруг со зборовите дека многу ги сака и дека тие се нејзиното сѐ.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: