Покрај негодувањата на група родители, тестирањето започна: Апел на директорката на средното медицинско - Маја Салиу

Покрај негодувањата на група родители, тестирањето започна: Апел на директорката на средното медицинско - Маја Салиу

Објавена во: Совети // School zone

Денес ученици и родители протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје. Причината за овој протест беше револтот поради полагањето на квалификациониен испит, за кој соопшто од МОН.

„Согласно конкурсот објавен од МОН доколку се пријават поголем број кандидати од предвидениот, а со ист број на поени, за здравствена струка треба да се одржи квалификационо тестирање по предметите биологија и хемија. Критериумите, условите и рокот ги одредува МОН. Училиштето НЕ организира тестирање, туку само го спроведува. Организатори се МОН и БРО. Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а се состојат од материјалот кој учениците веќе го совладале во основното образование (за што веќе се оценети со одлични оценки).“ - ни откри директорката на училиштетот, Маја Салиу.

Родителите наместо тестирање побараа да се отвори уште една паралелка за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик, но на крајот и малку подоцна од планираното сепак тестирањето започна.

„И покрај негодувањата на одредена група родители, со мало задоцнување тестирањето започна, и до овој момент се уште е во тек.“ - открива директорката.

Директорката истакна дека училиштето внимателно ги има преземено сите безбедносни мерки за време на полагањето.

„Уписот го организиравме со максимално почитување на протоколите при што беа примени над 800 пријави од ученици и се се одвиваше во најдобар ред. Тестовите се полагаат едно по друго, а се состојат од 15 прашања за секој од двата предемети. Наша задача како училиште е да обезбедиме услови за полагање согласно Протоколите од МОН и комисијата за заразни болести. Во таа насока, пред и во училиштето  беа поставени знаци, ленти и насоки за движење. Се врши дезинфекција и се нагласува држење физичка дистанца. Направени беа распореди на простории со цел обезбедена дистанца за секого.  Во време на пандемија, знаејќи дека здравствените работници даваат се од себе, ние како медицинско училиште направивме се во таа насока. Протоколите и мерките мора да се почитуваат, а за евентуално непочитување си има други надлежни институции.“ 

Својата изјава директорката Салиу ја заврши со апел до сите идни ученици и нивните родители.

„Како идни здравствени работници, апелирам дека пред се мора да се почитуваат правилата особено кога се работи за здравјето. Ние возрасните мора да бидеме пример за младите дека правилата и принципите мора да важат секаде и за секого.“ 

И.М.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: