Полесно блокирање на насилници и пренос во живо со часови: Никогаш повеќе новитети на Инстаграм

Полесно блокирање на насилници и пренос во живо со часови: Никогаш повеќе новитети на Инстаграм

Една од најпопуларните социјални мрежи на Интернет воведува низа промени и новитети, меѓу кои е и една нова безбедносна функција.

Инстаграм само што најави дека корисниците во иднина ќе може да го користат преносот во живо во траење од, до скоро максималните 60 минути, па до четири часа. Оваа опција ќе може да ја користат сите што не ги прекршиле правилата, првенствено оние што се однесуваат на повредата на интелектуалната сопственост.

Корисниците ќе може да ги гледаат своите преноси во живо во личните приватни архиви до 30 дена по објавата, како што тоа беше случај со објавите на стори. А, тука е и можноста за преземање на содржите и за подоцнежно споделување на другите социјални мрежи, пишува „The Verge“.

Корисниците ќе имаат можност за преглед на категоријата Live Now во рамките на IGTV, кои ќе им дадат преглед на достапните преноси во живо во тој момент.

Подобро филтрирање на навредливите пораки и спамови

Покрај новите опции поврзани со видеата, Инстаграм додаде и повеќе нови опции за филтрирање на навредливите и спам пораките, како и за блокирање на виртуелните насилници, односно примањето на пораки кои таквите корисници ги испраќаат, преку кои корисниците најчесто и доаѓаат во контакт со непознати личности и потенцијални злоупотреби.

Инстаграм воведува можност и за автоматско бришење на пораките кои содржат навредливи реченици, грази или емотикони, пред да ги види корисникот, се наведува на официјалниот блог на Инстаграм. Се воведува и можноста за блокирање на непосакуваните личности, односно профили, пренесува „Daily Mail“.

Истовремено, корисниците ќе добијат и можност за блокирање на нови, односно поврзани профили на истите „насилници“, со што се спречува понатамошното малтретирање.

Од Инстаграм најавуваат и воведување на посебен Inbox за пораки кои доаѓаат од оние кои не се наоѓаат на нашите листи на пријателите, со што ќе се филтрираат спам пораките.

фото: Pixabay.com

Можеби ќе ве интересира: