Полицијата го посети имотот на Вил Смит: Актерот живее во луксуз од 11,3 милиони долари, над кој сега летаат дронови (ФОТО)

Полицијата го посети имотот на Вил Смит: Актерот живее во луксуз од 11,3 милиони долари, над кој сега летаат дронови (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

По инцидентот на Оскарите кога му удри шлаканица на колегата, во животот на актерот постојано се случува нешто...

Холивудската двојка Вил Смит и Џејда Пинкет Смит живеат на имот во Калабасас, Лос Анџелес, вреден 11,3 милиони долари, каде што по скандалот на Оскарите било пријавено прелетување на дрон.

Полицијата во Лос Анџелес ја посетила куќата на актерот во вторникот откако добила повик дека е забележан дрон. Не е познато кој го пријавил овој случај во полиција, но портпаролот на полицијата веднаш разговарал за Њујорк пост.

„Не успеавме да го лоцираме дронот бидејќи до моментот кога полицијата пристигна на местото на настанот тој веќе ја имаше напуштено областа“ - рече портпаролот и појасни дека единствениот повик во полиција можел да дојде од член на семејството Смит или нивниот сосед.

„Само што испративме единица таму да се обиде да го лоцира дронот и да видиме дали има папараци или што се случува“ - изјави тогаш портпаролот.

Сето ова се случи само два дена откако Вил му удри шлаканица на колегата Крис Рок за време на церемонијата на доделувањето на Оскарите, бидејќи се пошегува на сметка на неговата сопруга, која боледува од алопеција.

Имотот кој моментално е под надзор е вреден 11,3 милиони долари, а двојката го купи во октомври минатата година.

Како изгледа нивниот дом, погледнете во продолжение:

фото: Принтскрин / Инстаграм / Профимедиа

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: