Помалата ќерка на Карлеуша го даде своето прво интервју и откри: Тренирам фудбал, пример ми е мојот татко Душко

Помалата ќерка на Карлеуша го даде своето прво интервју и откри: Тренирам фудбал, пример ми е мојот татко Душко

Објавена во: Живот // Живот

Помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ тргна по стапките на татко ѝ...

За разлика од сестра ѝ Атина, која стана вистинска ѕвезда на Инстаграм и сосема е сигурно дека ќе се занимава со некоја јавна работа - актерство или моделинг, нејзината помала сестра Ника заплови во потполно поинаков свет.

Дванаесетгодишната ќерка на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ минатото лето започна да тренира женски фудбал и по тој повод го даде своето прво спортско интервју за „Телеграф“ во кое откри дека примери ѝ се татко ѝ Душко и Роналдо. Младата фудбалерка откри и дека мајка ѝ ја поддржува и дека ужива на тренинзите, бидејќи децата со кои се дружи таму се однесуваат убаво кон неа.

Јелена отсекогаш истакнувала дека Ника од мали нозе била посебно дете, дека ја интересирал спортот, науката, дека ги има сите петки и дека не е претерано воодушевена кога треба да се фотографира.

Инаку, ќерките на познатата двојка настава посетуваат во странско училиште во Белград, имаат профили на социјалните мрежи, но како што откри пејачката, таа редовно им ги контролира.

Може да ве интересира:

Нејзините зборови ќе го погодат и најтврдото срце: Ќерката на Карлуша одржа лекција

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: