Поминаа 10 години и сега може да се отвори: Камила Кабелјо откри зошто се пријавила на Х-фактор (ВИДЕО)
Помина една деценија откако Камила Кабелјо беше на аудиција за Х-фактор и стана дел од женскиот бенд „Fifth Harmony“. Сега како соло пејачка, Камила за првпат ја призна својата вистинска причина зошто тогаш се пријавила на аудицијата, а причината ќе ве изненади.
Имено, младата ѕвезда го красеше сувозачкото место во емисијата „Carpool Karaoke“ на Џејмс Корден и кажа дека заљубеноста во Хари Стајлс ја поттикнала да се пријави во натпреварувањето од кое започна нејзината успешна кариера. Признавајќи дека била голем обожавател на „One Direction“ - бендот со кој Хари ја одби својата популарност на Х-фактор 2010 година, Камила на збунетиот Џејмс му откри: „Ова е навистина срамотно и конечно можам да кажам, бидејќи поминаа 10 години... тогаш си реков: „Одам на аудиција за Х-фактор, бидејќи ќе се омажам за Хари Стајлс!“ Навистина верував во нешто такво во тоа време“.
Исто така додаде: „Ова е првпат да ја признаам вистинската причина зошто се пријавив на аудицијата на Х-фактор!“.
Камила на аудицијата во 2012 година се пријави како соло натпреварувач, исто како што Хари го имаше направено тоа две години порано.
фото: Принтскрин / Инстаграм