Поминаа 13 години откако прв пат го гледавме High School Musical!

Поминаа 13 години откако прв пат го гледавме High School Musical!

Објавена во: Stars // Филм

Во јануари 2006 година, Disney Channel за прв пат го издаде филмот High School Musical и тоа е воедно и еден од нивните најуспешни филмови на сите времиња.

Најпопуларното момче во училиштето, Try Bolton и срамежливата девојка од градот Gabriella Montez сосема случајно се запознаваат на караоке вечерта за дочекот на Нова Година. Тие одат во исто училиште. Накратно, и двајцата се пријавуваат за мјузикл, додека на патот им стои злобната девојка Sharpay која ќе направи се само таа да биде ѕвезда во мјузиклот.

За време на филмот Troy и Gabriella се соочуваат со многу проблеми како што се пријателствата, училиштето, родителите, музиката и кошарката. Исто така, филмот е полн со заразни песни, кои лесно влегуваат во глава.

Во филмот глумат ѕвезди, како што се: Zac Efron, Vanessa Hudgens, Ashley Tisdale, Lucas Gabeel, Corbin Bleu и многу други. Откако излезе овој филм, започнаа успешните кариери на овие актери. Zac и Vanessa дури и неколку години беа знаедно и во приватниот живот.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: