Помогнете му на вашето милениче да ја преживее новогодишната ноќ: 5 совети како да го ублажите стресот на кучињата од петарди и бучава

Помогнете му на вашето милениче да ја преживее новогодишната ноќ: 5 совети како да го ублажите стресот на кучињата од петарди и бучава

Објавена во: Совети // Семејство

Утре ќе се прославува „најлудата ноќ во годината“, но нашите миленици на тоа не се радуваат многу поради добро познатата причина...

Додека уживаме, нашите миленичиња веројатно ќе треперат од страв поради петардите.

Она што е убава забава за нас луѓето, може да биде тотален кошмар за едно куче. Имено, петардите и бучавата од огнометите честопати се поврзуваат со голем стрес кај нашите четириножни пријатели. Со помош на овие 5 совети, можете да го смирите вашето куче и да му дадете помалку стресна новогодишна ноќ.

1. Одвлекување на вниманието

Обидете се да се забавувате со вашето куче за време на празниците што е можно повеќе - за да го одвлечете неговото внимание. Одете на долги прошетки со него и посветете му се. Тоа ќе му го одвлечете вниманието од пукањето. И, кога е навистина критично, бидете со него, разговарајте со него, галете го - вашиот глас и допир ќе го смират.

2. Храна и слатки

Добрата храна, а особено слатките што најмногу ги сака, исто така, ќе го одвлечат неговото внимание и ќе го смират.

3. Специјална техника на завиткување

Наводно оваа специјална техника на завиткување помага да се смири кучето кога надвор има огномет или петардите пукаат. Ова прави лесен притисок врз кучето и оваа техника е слична на гушкањето. Специјални точки на акупресура се стимулираат и ова ги смирува кучињата. Нека завојот биде на него околу 15 минути. Важно е да не го оставате кучето само додека го носи „завој“.


4. Капки за смирување

Капките за смирување можат да им помогнат и на животните. Се разбира, пред да дадете било каков седатив, дури и најблаг, треба да се консултирате со вашиот ветеринар.

5. Долга прошетка

Ако долго шетате со кучето и добро го изморите, тоа навистина ќе ви помогне. Имено, потоа, кучето ќе биде поспано и ќе сака да се одмори, па затоа помалку време ќе има за да се „справува со својот страв“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: