Поплави, пожари, незгоди, кражби: Осигурувањето на имотот ја обезбедува иднината

Поплави, пожари, незгоди, кражби: Осигурувањето на имотот ја обезбедува иднината

Објавена во: После „Школо“ // PR

Нема дилема дека во предизвикувачките периоди кои се дел од животот на сите, важно е да се обезбеди сигурност за сега, ама и за иднината која иако е непредвлива може да се осигура. Семејството, домот, но и образованието и секако здравјето на најблиските е императив во организирањето на нашите активности. Во секојдневните одлуки најважни се токму тие кои ја гарантираат нашата безбедност, заштитата и сигурната иднина. Осигурителните компании имаа многу продукти кои значат и заштита и обезбедување, но и нова вредност на се што поседуваме. Елена Врбоска, преземач на ризик во Кроација Осигурување вели дека многу е важно граѓаните да одберат вистинско осигурување со што ќе ги обезбедат своите приоритети – меѓу нив секако е  домот, имотот во кој живеете и се што поседувате. Некои работи не зависат од нас, па често се соочуваме со поплави, протекувања, пожари, прекинати инсталации по удар од гром, но и кражби. Од имот често може да имаме проблем и со возилото кое го поседуваме.

Кога и како треба да се осигура тој имот, што е најдобро како осигурување на вашиот дом на сиот имот и како тој да ја задржи и да ја зголеми својата вредност? Врбоска вели дека тука клучен е преземачот на ризик.

„Осигурувањето значи заштита и обезбедување. Да се осигура нешто освен што се заштитува и се обезбедува од непредвидливи последици, туку и на некој начин му се зголемува вредноста. Затоа е потребен соодветен избор на осигурување што ќе обезбеди посигурна иднина. Еднакво важен е и изборот на осигурителна компанија на која и ја доверувате заштитата од опасностите кои секојдневно се појавуваат, вели Врбоска.

Како што се најразлични потребите и барањата за осигурување, така и компаниите создаваат понуда и услуга што најдобро ќе го задоволи барањето за сигурност на граѓаните.

„Врз основа на детално анализирање на објектот, заштитеноста, изложеноста, превентивата, кое го правиме преку прашалници но многу често и непосредно, односно преку посета и снимање на објектот, што се покажало како клучно за пресметување на вредноста, го одредуваме вистинскиот вид на осигурување. Врз основа на овие анализи на ризик и ги советуваме осигурениците дали нивните барања соодветствуваат на потребите и што е најдобро за нив”, вели Врбоска.

Со цел зголемување на услугите за осигурениците и што подобро да излезе во пресрет на нивните барања за осигурување на движниот и недвижен имот, Кроација осигурување преку анализа на барањата постојано развива нови продукти и ги подобрува постоечките производи. Како дел од посеопфатна услуга се и CRO пакетите кои вклучуваат комбинирано осигурување на три производи за заштита на домот, здравјето и возилото, а на клиентот му овозможуваат поголеми попусти.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: