Популарните апликации добиваат нови „титули“: Инстаграм и WhatsApp од Фејсбук
Апликациите иднина ќе се викаат Instagram from Facebook и WhatsApp from Facebook, па името на матичните компании ќе биде далеку поистакнато за оние кои имале било какви недоумници околу сопствеништвото.
Потпаролката на Фејсбук, Берти Томсон ја потврди оваа вест за Бизнис инсајдер.
„Сакаме да бидеме појасни кога производите и услугите кои се дел од Фејсбук во прашање“ - рече таа.
Новото име ќе се појави во продавниците за апликациите, како и во самите апликации, но нема да се гледа на почетните екрани на корисниците.
Компанијата во вредност од 535 милијарди долари со години дозволувала нејзините апликации да работат како независен тим со значајна аутономија, но во последно време пробува да оствари централизирана контрола, понекогаш дури предизвикува и тензии и загриженост помеѓу вработените.